ФИФА ТВ каналот сними краток филм за симпатичниот Сасуоло кој од италијанската Серија Ц2 стигна до Лига Европа. Сасуоло е мал и до неодамна анонимен клуб во европски рамки кој за првпат во историјата ќе игра во групната фаза на едно европско натпреварување.
Одличната работа на клубот од градчето со 40.000 жители се виде симпатична и за Светската фудбалска федерација која летово сними краток филм за Neroverdi.
Авторот на овој филм во само шест минути одлично ги опишува најважните моменти од клупската историја, го доловува амбиентот околу Сасуоло. Насловот „италијанскиот Лестер“ најдобро го опишува борбениот дух на овој клуб.
Сасуоло лани за првпат преку првенството обезбеди учество во квалификациите за Лига Европа (заврши шести) и зад себе остави гигант како Милан. „Црно-зелените“ беа нагазна мина за многу фаворити во Серија А како шампионот Јувентус, Милан, Рома, Фиорентина. Сè уште се паметат четирите гола на младиот Доменико Берарди против Милан, екипа која е редовна муштерија на Сасуоло.
Италијанскиот клуб ги започна квалификациите за ЛЕ од третото квалификациско голо каде со вкупен резултат 4-1 го победи швајцарскиот Луцерн. Во плејофот Сасуоло беше убедлив и против Црвена звезда која исто ја елиминираше со вкупни 4-1.
Главни играчи на Сасуоло се Берарди (роден 1994. година), Данкан и Политано (1993), Лирола (1997), Мањанели (во клубот од Ц2 до Лига Европа). Мешавина од искуство и младост made in Italy.