Таг: доменико берарди

Проектилот на Берарди со кој ја смрзна Меаца

Гризеа за него многу поголеми екипи, како Јувентус и Лацио, ама Доменико Берарди реши да му остане верен на Сасуоло веќе 11-та сезона. Синоќа го комплетираше пресвртот против Интер од 1:0 на 1:2 и му го нанесе првиот пораз сезонава. Какво голчиште е ова? Ко Килијан Мбапе да го гледаме.

Сасуоло елиминиран во Куп од второлигаш, Берарди тргна да се тепа со навивач

Новиот второлигаш Модена го шокираше Сасуоло со 3:2 уште во првата фаза од италијанскиот Куп. Доменико Берарди пред стадион му се сипа на навивач откако не ги издржа навредливите провокации.

И после кој е тој Берарди

Во Италија не е како порано, составот во репрезентацијата да го сочинуваат играчи претежно од Јуве, Интер, Милан...Манчини има голем избор и во напад тешко е да се реши за двајца во ситуација кога ги има Инсиње, Белоти, Имобиле, Бернандески, Киеза...

А на Берарди голот го видовте ли?

Изненадување од сенка во италијанскиот шампионат е дефинитивно Сасуоло, доста ефикасна екипа со 11 голови повеќе од Наполи која синоќа ја потопи Џенова со петарда. Главни играчи им се Капуто со 21 гол и Берарди со 14. Овој вториот даде бомбастичен гол.

Никој не го збори, а гази како Мбапе

Се вика Доменико Берарди, има постигнато 58 гола во Серија А, сите за Сасуоло и е само еден од четворицата фудбалери родени после 94-та, кој има постигнато минимум 50 гола во топ 5 лигите. Другите тројца се Мбапе, Вернер и Стерлинг. Во оваа конкуренција е лидер со 5 хет-трикови.

Сторијата за Сасуоло, најиталијанскиот тим

Од 30 играчи во составот, Сасуоло има само четворица странци и 26 домашни играчи. Како Баскија во мало, италијанскиот клуб обезбеди историско учество групната фаза од Лига Европа.

Тинејџерот што го потопи Милан

Сигурно помисливте дека мора да е некоја грешка кога прочитавте „Сасуоло - Милан 4:3", башка и сите четири гола за домаќините постигнати од ист играч. Тоа дефинитивно не беше грешка. Тоа беше Доменико Берарди - новата надеж на Јувентус.