Никој не го збори, а гази како Мбапе

Се вика Доменико Берарди, има постигнато 58 гола во Серија А, сите за Сасуоло и е само еден од четворицата фудбалери родени после 94-та, кој има постигнато минимум 50 гола во топ 5 лигите. Другите тројца се Мбапе, Вернер и Стерлинг. Во оваа конкуренција е лидер со 5 хет-трикови.

25 годишниот италијански напаѓач кој последно е викнат во репрезентација во февруари годинава, за Сасуоло игра уште од старт на кариерата, а пред пет години стана првиот играч кој му плеснал четири комада на Милан во Серија А во триумфот од 4:3, кога тренер од спротивната страна беше Алегри.

 
13 септември 2019 - 15:13