Сасуоло елиминиран во Куп од второлигаш, Берарди тргна да се тепа со навивач

Новиот второлигаш Модена го шокираше Сасуоло со 3:2 уште во првата фаза од италијанскиот Куп. Доменико Берарди пред стадион му се сипа на навивач откако не ги издржа навредливите провокации.

Еден од навивачите му дофрли: Професионалец си, цела Италија те гледа, треба да бидеш над ситуацијата. Плус промаши чиста шанса и против Македонија по ѓаволите.

Италијанскиот репрезентативец се извини за потегот и објасни дека реакцијата му била таква, поради тоа што му го навредиле семејство.

 

9 август 2022 - 08:57