Натпреварот Рома – Сасуоло донесе еден контроверзен момент за кој зборува цела Италија, а тоа е моментот кога гостите изведоа корнер при резултат 2:0 за домаќинот.
Патрик Шик си даде автогол, топката целосно ја мина гол линијата, арно ама ВАР не сметаше така и пресече со она неговото No Goal.
Кога го гледа ова човек, уште 1.000 пати да го погледне ќе мисли и ќе тврди дека ова е чист гол, ама технологијата сепак го има последниот збор, а топката по се изгледа е 99.99% влезена и во прашање се милиметри.
El no gol de Schick es milimétrico 😵 pic.twitter.com/aKmUEkKghA
— La Voz del Calcio (@lavozdelcalcio) December 26, 2018