На 25 август 2013-та на Олимпико во Торино, Сасуоло го имаше деби настапот во Серија А. По негатива од два гола, тренерот Еузебио Ди Франческо мораше нешто да смени па го извади Масучи, а го стави Мариус Алекс.
26 годишниот романски напаѓач неколку месеци претходно дојде од Динамо Букурешт, а доколку останеше уште три години, освен во Серија А ќе се радуваше и со пласманот на меѓународна сцена. Алекс сега игра во Турција, но испиша мал дел од историјата како прв странец кој заиграл во Сасуоло откако оваа екипа е во најелитното италијанско друштво.
Cies излезе со истражување за сите екипи од топ 5 лигите и нивната трансфер политика на купување играчи дома/странство. Приматот го држи Челси со 75% странци, а потоа Монако 73%, па Манчестер Сити 69%.
Во оваа листа Сасуоло е екипата во која доминираат најмногу домашни играчи. Симе Врсаљко од Хрватска, Карим Лариби од Мароко, Алфред Данкан од Гана и Грегори Дефрел од Франција се единствените на кои италијанскиот не им е мајчин јазик.
По нив со 4% странци е Карпи, но формулата со Италијанци за нив беше неуспешна бидејќи завршија со 23 бода помалку од Сасуоло и испадна во втора лига. Сасуоло работи нешто слично како Атлетик Билбао каде важи правилото „Ако не си од Баскија, не те купуваме“.
Сасуоло е спој на младост и искуство. Во одбрана го имаат 34 годишниот Паоло Канаваро кој многу добро знае што значи настап во Европа. Со Наполи играше две сезони во Лигата на шампионите, а има и една во Лига Европа.
Предводник во напад им е младиот и перспективен Доменико Берарди кој на 21 година можеше да направи трансфер во Јувентус вреден 25 милиони евра, но газдата Џорџо Скуинци бараше повеќе. Сасуоло е една од петте екипи која оваа сезона му го зема скалпот на италијанскиот шампион. Тоа беше 28 октомври со голот од слободен удар на Никола Сансоне.
Во Серија А, Јуве се потпира со 38,5 странци, Милан со 41,7, а Лацио со дури 67,9%. Јуве го освои Купот на Италија и му го отвори историскиот пат на Сасуоло кој како шесто пласиран ќе ги игра првите квалификации за Лига Европа, а Милан и Лацио завршија на седмо и осмо место и наредна сезона ќе гледаат Европа на тв.
Голот на Сансоне против Јуве
Собирот на плоштад за финалето Јувентус - Милан