Делуваше нереално откако Рафаел Леао за само 6,2 секунди го отвори резултатот, по акција во која фудбалерите на Сасуоло стоеа во неверување, а гостите славеа водство.
Почетниот удар на мечот го изведоа Чаланоглу и Леао кој истрча експресно и го матираше противничкиот голман Консиљи:
#ACMilan have now scored two or more goals in 15 consecutive games. Only Barcelona in 1948 (18) have recorded a longer streak in the 'top five' European leagues.
— MilanData📊 (@acmilandata) December 20, 2020
🔥⚽️🔴⚫️ pic.twitter.com/WW12fW6W6A
Претходно рекордот долго време го држеше Паоло Поџи од Пјаченца кој во декември 2001-ва против Фиорентина постигна гол за само 8 секунди од стартот. Во сите професионални светски фудбалски лиги најбрз погодок се смета оној на Карлос Алмеида од 2011-та година. Бразилецот тогаш дал гол во 3-та секунда на меч од 4-та португалска лига.