Прогресот на тренерот на Сасуоло

Во 2014-та на 34 години одиш на игралиште со капацитет од 1.050 гледачи за да го водиш Олџинатезе кој го нема ни во билтен. Седум години подоцна им се исправуваш на Јуве и Алегри и ги победуваш на нивен тренер. Е таков знае да биде фудбалот. Романса.

Сасуоло е убава екипа за тие што се кладат на голови, бидејќи често ја дава 3+. Знае да биде и смешна тема на муабет кога некој постар ќе ја изговори Сасуло.

Често им создаваат проблеми на големите екипи, бидејќи играат офанзивен фудбал, а во напад го имаат одличниот Доменико Берарди кој минатата сезона постигна 17 голови.

Ефикасните партии му донесоа и место во репрезентацијата на Италија за која има 21 настап и 6 гола. Сасуоло минатата сезона заврши на 8 место со 62 бода, и тоа исто колку Рома и само поради малку послаба гол разлика не заигра во Лига Европа.

Овој месец имааt само еден пораз, оној од Интер на 2 октомври, а потоа одиграа нерешено на гости против Џенова, па ја совладаа дома Венеција, а викендов го шокираа Јуве со 1:2, победа заверена во 95-та минута.

Ги води тотално анонимен тренер по име Алесио Дионизи, за разлика на пример од неговите претходници како Алегри, Пиоли, Малезани и Ди Франческо кои имаат седено на истата клупа.

Има 41 година, а играчката и тренерската кариера ги градел претежно во третолигашки и четвртолигашки екипи кои можеби од прва нема ни да ги прочитате точно.

Кариерата на Дионизи хронолошки му се движи вака:

2014: Тренерската кариера ја стартува во Серија Д каде го водел Олџинатезе.

2015: Следната година останува повторно во четврта лига како тренер на Боргосесиа.

2017: Третото тренерско искуство му е во Фиоренцуола, исто така Серија Д.

2018: Со четвролигашот Имолезе завршува втор и ги носи во Серија Ц.

2019: Потоа ја води Венеција во Серија Б и обезбедува опстанок.

2020: Станува тренер на второлигашот Емполи и уште во првата сезона го носи во Серија А.

2021: Го заменува Де Ѕерби на клупата на Сасуоло.

2021: Станува тренер кој му ја носи првата победа на Сасуоло на Јувентус стадиум.

„Едвај чекам да се ракувам со Мурињо“, изјави пред два месеци.

Реакцијата на Недвед, дриблингот на Артур и македонското знаме

29 октомври 2021 - 14:44