Ако некој уште има сомнежи за квалитетот на италијанско и со години го вергла оној стар муабет дека било паднато, нека гo следи повеќе за да може да си го промени мислењето.
Сезонава Наполи е во криза од која и Милан никако да излезе, ама Јуве не е сам на врвот на кој се случуваат чудесии. Ист број на бодови со нив, ама и ист скор од 12 победи 3 нерешени и 1 пораз има и Интер кој беше шокиран со дрска соло акција во 92-ра минута од 19 годишниот Србин Душан Влаховиќ.
Едно место подолу од нив на -3 е тимот кој замислете после 16 минати кола има 2 освоени бода повеќе од сезоната 1999/2000, кога во една друга ера со газда Крањоти и шведскиот стратег Свен Горан Ериксон го освои Скудетото. Сега има 36, а тогаш имаше 34 бода. Колку страшен тим имаа тогаш.
Лацио е во врвна форма со неверојатни 8 од 8 и не само тоа, туку го има најефикасниот напад со 38 гола, исто колку што има Аталанта, го има најдобриот стрелец Чиро Имобиле со 17 гола (само Левандовски со 18 е поефикасен од него во Европа) и најдобриот асистент Луис Алберто кој е прв со 11 асистенции во Европа. Какви бројки.
Тоа што му го направија синоќа на Каљари кој игра фантастична сезона и е на 5-та позиција, боли до даска. Тимот од Сардинија поведе по само 8 минути со голот на Џовани Симеоне, ама доживеа судиско продолжение на кое се добива инфаркт. Примија два гола во 93-та и 98-ма минута. Па полудо не можеше да биде.
1:0, Симеоне 8`
1:1. Луис Алберто 93`
1:2, Каиседо 98`
Претходниот понеделнички пресврт со Каљари.