Се работи за ултраси на Јуве кои се екстремни десничари и нацисти поврзани со ист таков ков на навивачи кои по се изгледа хобито не им е да гледаат фудбал и да бодрат, туку да направат што по језива компилација на оружје.
Ова што се гледа на фотографиите е скандалозно, страшно, опасно и ептен лудо бидејќи дечкиве се навивачи, а поседуваат пушки, пиштоли, митралези, ножеви и што уште не, а дека се на друг левел од другите може да се види по следното. И ракета имаат.
Италијанските медиуми пишуваат дека ракетата е француско производство, а донесена е од Катар. Во акцијата на полицијата која ја следела оваа група уапсени за тројца навивачи, а арсеналот на оружје го пронашле во хангар на аеродромот во Павија.
Italian police raided various places connected with Juventus ultras. Next to the knives, machete, assault rifles, the police also found a rocket launcher and a ground-to-air missile which was bought from Qatar.
— Football Vines (@FootballVines) July 16, 2019
Unbelievable. 😳 pic.twitter.com/T3C5Iqz6yP