За време на римското дерби Лацио - Рома од полуфиналето на Купот на Италија стадионот е полупразен поради бојкотот на двете навивачки групи. Тоа не им сметаше на присутните симпатизери на Лацио да извикуваат мајмунски крици додека топката ја имаше црномурестиот играч на Рома Антонио Рудигер. Лацио го доби мечот 2:0 со головите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Кеита.