Баерн и Реал приредија фудбалска претстава за сите пари и со сите нишани. Со куп голчишта, картони, груба игра, црвени, ВАР...Рудигер му влезе намерно на Станишиќ и тоа во акцијата кога Мбапе даде гол за 2:3. Играта продолжи.
Реал Мадрид со две победи против Сити оди заслужено во четвртфинале на ЛШ. Пеп Гвардиола се помири со поразот и отиде да им честита на играчите. Ама Антонио Рудигер нешто му беше лут.
Пукна сензација на Сантијаго Бернабеу. Хетафе го доби Реал Мадрид на гости по пауза од 18 години со посед на топка од 23% и ѝ направи услуга на Барселона која сега им бега 4 бода. Мечот го реши Мартин Сатријано со голчиште во 39 минута. Франко Мастантуоно и Адриан Лисо добија црвени во судиското продолжение, а од картон се спаси Антонио Рудигер, кој без осет, со колено во глава удри противнички играч и тоа два пати.
Откачено типче е Рудигер. Познат стана оној негов чуден начин на играње фластер кога му досаѓа на противникот со глава. Сега му одржа лекција на Ендрик, како треба да лежи за да не направи пенал. Малиов малку инает му тераше на почеток.
Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе потфрлија на првите четвртфинални дуели од ЛШ и не се запишаа на листата на стрелци, нешто што од нив секогаш се очекува. Норвежанецот не се виде.
Само еден ден откако му се чудевме на паметот на Колумбиецот Јери Мина, уште еден фудбалер се истакна на сличен идиотски начин, а тоа е Антонио Рудигер на синоќешното полуфинале во шпанскиот Супер Куп меѓу Реал и Атлетико.
Антонио Рудигер има некој несфатливо специфичен начин на игра во одбрана еден на еден, кој не го практикува прв пат. Ова е снимка од синоќешното гостување на Реал против Алавес кое го доби со 0:1 со гол во 92-ра минута.
Реал Мадрид без проблем ја симна Жирона од врвот на табелата, со гостински триумф од 0:3. Ама Антонио Рудигер има некој проблем. Мавташе со рацете ко луд.
Голгетерот број 1 на сезоната со 51 погодок на 47 меча, не се изнаигра баш на гости кај европските прваци. Му се залепи германско австрискиот тандем во одбрана Рудигер-Алаба и често пати делуваше како отсечен. Погледнете ги овие методи со кој Рудигер го реметеше од зад грб.
Главниот судија погоре, линискиот до него, никој ништо не суди, што значи можело со кошаркарски финти во фудбал. На крај успеа да го деконцентрира и не ни прими топка.
Антонио Рудигер во класична бековска соло акција кога на тимот не му оди, а тој стиска на R2 и рине до крај од пуста желба да даде гол. Ако го дадеше, сите ќе го збореа.
Челси убедливо го тресна Карабах на гости со 0:4, победа со која си осигураа место во топ 16 од ЛШ. Потоа ги чекаше нови 6 часа лет за назад. За побрзо да им помине времето се погрижи Антонио Рудигер.
За време на римското дерби Лацио - Рома од полуфиналето на Купот на Италија стадионот е полупразен поради бојкотот на двете навивачки групи. Тоа не им сметаше на присутните симпатизери на Лацио да извикуваат мајмунски крици додека топката ја имаше црномурестиот играч на Рома Антонио Рудигер. Лацио го доби мечот 2:0 со головите на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Кеита.