Од 1991 до скоро во Италија не се појави ништо ново на тема навивачки свет. Сега излезе филмот „Ultras“ од режисерот Франческо Летиери (роден 1985). Во центарот на збиднувањата се ултрасите од Неапол.
Музиката за филмот ја прави најпознатиот италијански рапер Либерато. Во филмот се раскажува за хулиганите од Неапол кои имаат свои правила, свои миси. И не случајно овој филм полн со ритам и меланхолија почнува и завршува во црква: прво за брак, а после за погреб. Љубовна нота на филмот дава Тери, убава девојка која нема страв од она што го прави нејзиниот партнер и лидер на хулиганите Сандро.
Помалку очекувано, меѓу самите Наполитанци филмот не добил овации. Пример познатиот спортски новинар Карло Алвино го нарече филмот апсурд и рекол дека процесот на гледање му бил како насилство над сам себе.
Локалните ултраси од Неапол со банери изразиле мирен бојкот на филмот:
„Живееме со менталитет, против профит и видливост“.
Ако кината ширум Неапол не затвореа поради пандемијата на вирусот сигурно би имало помасовни протести пред салите.
РЕЖИСЕРОТ НАВИВА ЗА НАПОЛИ, ПРЕТХОДНО СНИМАЛ КЛИПОВИ, ОВА МУ Е ФИЛМСКО ДЕБИ
За младиот 35-годишен Летиери ова е прв филм. Претходно снимал краткометражни и музички клипови, воглавном за алтернатива и рапери (Liberato, Calcutta, Emis Killa, Thegiornalisti, Noyz Narcos, Carl Brave x Franco 126 и Nada).
Приказната на филмот „Ултрас“ проистекнала од кратките видеа за навивачкиот свет кои низ годините ги снимал Франческо Летиери. После пар години се родила идеја клиповите да се трансформираат во игран филм. Само што сега се работи конкретно за неаполски навивачи. Главен лик е еден стар ултрас по прекар Мохиканецот, на кого полицијата му забранила посета на спортски натпревари во склад со законите на Италија, па Мохиканец не може да оди на стадион да го гледа својот сакан клуб.
На интернет има и фотографија на режисерот пред графити со логото на најопасната група Fedayn.
„Отсекогаш навивам за Наполи и одам на „Сан Паоло“. Не сум ултрас, но секогаш бев импресиониран од нивниот свет. Силни скандирања, кореографии, амблеми, знамиња, соопштенија. Мислам дека ултрас сцената има голем кинематографски потенцијал. Во своите клипови веќе ја опфаќав таа тема, но само од естетска точка на гледање. Сега во филмот се посветив на сижето“.
ГЛАВНИОТ ЈУНАК Е ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК, КАСТИНГОТ ТРАЕЛ 6 МЕСЕЦИ
Филмот раскажува за измислена група под името „Апачи“. Во него се претставени три генерации навивачи - млади (помали од 20 години), активни (во реонот на 30) и ветерани (мажи 50+). Тие имаат забрана да одат на стадион (во Италија има драконски закон за хулигани кои на трибини мораат со навивачка лична карта без претходни дела - Daspo).
Во филмот секоја генерација има своја централна фигура.
Изборот на глумци траел повеќе од 6 месеци: некои карактери се најдени меѓу непрофесионални актери. Главни јунаци покрај Мохиканецот се 60-годишниот ултрас Анџело и Габјано. Теми на филмот меѓудругото се филм за другарство, доверба и љубов.
Главен херој е Сандро. Него го игра актерот Аниело Арена поранешен член на камора а веќе неколку години е професионален глумец. Во приватниот живот тој бил дел од најпознатата криминална организација на светот, а во 1991 година лежел во затвор после една улична престрелка. Во затвор играл во театарски претстави.
Аниело уште отслужува затворска казна, но во полу-слободен режим. Голем дел од времето го проаѓа во затвор, а за социјална реинтеграција го пуштаат на снимање филмови или фестивали. Тој дури и ја добил премијата „Ди Донатело“ за најдобра машка улога во филмот „Реалност“ на Матео Гароне.
ВЕЛАТ ДЕКА ВО ФИЛМОТ ИМА ОСВРТ НА СМРТТА НА ЕДЕН НАВИВАЧ НА НАПОЛИ, НЕГОВАТА МАЈКА ГО КРИТИКУВАЛА ФИЛМОТ
Уште една клучна тема во филмот е омразата кон римските навивачи (претежно оние на Рома) и жед за одмазда за смртта на младиот навивач Саса (брат на еден од јунаците во филмот).
Во основа ова е осврт на еден реален настан - смртта на навивачот на Наполи Чиро Еспозито кој на 3 мај 2014 година бил со другарите на финалето на Купот на Италија во Рим каде играа Рома и Фиорентина. На една од улиците во Рим на Неаполците им направиле заседа хулигани на Рома а во Чиро Еспозито со пиштол пукал Даниеле Де Сантис кој подоцна беше осуден на повеќегодишна затворска казна.
Во филмот има слична сцена - наместо пред мурал со ликот на Чиро Еспозито еден од глумците стои пред графитот на убиениот Саса.
На погребот на Чиро Еспозито во таа 2014-та дошле и ултраси на Лацио со цел да изразат сочувство и да побараат прошка за нивните ривали од Рома со цел да се избегнат понатамошни жртви.
Најжално од сè е што самиот Чиро не бил по природа ниту хулиган ниту ултрас, туку нормален вообичаен навивач на Наполи.
Чиро Еспозито стана симбол на ненасилие. По неговата смрт многу страни апелираа на смирување на страстите, се снимаа емисии, подкасти, документарци, а сега филмот „Ултрас“ како да фрла шкорчиња во огнот затоа што има сцени во кои Неаполитанците сакаат одмазда.
„Потсетувањата на историјата со син ми се толку очигледни што не можам да премолчам. Филмот е удар во срцето и навреда не само за моето семејство туку и пред се на сеќавањата за Чиро.
Син ми никогаш не припаѓаше на светот прикажан во филмот. Од моментот на неговата смрт нашето семејство посветено работеше да шири ненасилство. После погребот ултасите можеа да разгорат крвави одмазди, но успеавме да ја смириме ситуацијата. Имав директен контакт со нив, ме почитуваа, ги следеа моите упатства“, рекла Антонела Лирди.
Режисерот се брани:
„Принуден сум да одговорам на некои критики и обвинувања. Прво, во „Ултрас“ нема ништо деградувачки за Неапол. Има море, туристи и убави алеи. Во филмот нема наркодилери, оружје, пљачки. Да, има насилство, но исто и љубов. Дајте да престанеме да мислиме дека луѓето носат краен суд за градот и културата врз основа на филм. Во текот на многу години Неапол беше претставен преку „Гомора“ и гледајте колку туристи од цел свет дојдоа после тоа.
Исто се бесмислени и обвинувањата дека во филмот се збори за Чиро Еспозито. Мојата рака трепери кога го пишувам неговото име - луѓето кои ги нема со нас, најдборо е да не ги вознемируваме. Но морам да се оградам. Ликот Саса, кој се појавува во филмот само на мурали е претставен како маченик од светот на ултрасите. Во Неапол ги имаме Чиро и Серџо, кај Лацио Габриеле (Габриеле Сандри, загина од полициски истрел). Смртта на секој навивач е трагедија. Ултрасот Саса ги претставува сите загинати, не некој конкретно.“.
ПРЕУБАВИОТ НЕАПОЛ ДОМИНИРА ВО ФИЛМОТ
Летиери е локалец, Наполитанец и добро го знае главниот град на Југот од Италија.
Неапол е град на религија и фудбал. Најмногу веруваат во црквата и во својот Наполи. Филмот бил сниман на неколку необични локации. Режисерот раскажал дека се трудел да ги избегне баналните видеа од Неапол од туристичките места. Фатена е и населбата Фуоригрота каде се наоѓа „Сан Паоло'.
Доминираат и пејзажи како во филмовите на Сорентино.
УЛТРАС НЕ Е ФИЛМ ЗА ФУДБАЛ, НАПОЛИ ОДБИЛ ДА ГО ДАДЕ БРЕНДОТ
Во филмот има сцени во кои градот емотивно реагира на голови и победи, но го нема брендот Наполи, ниту логото на клубот ниту називот ниту други заштитни знаци. Се совпаѓа само датумот 1926 (година на основање на клубот) на знамињата и аѕурната боја.
„Наполи не дозволи да го користиме нивниот грб, иако мојата идеја не беше да ги користам играчите или натпреварите. Посветив внимание на тоа што се случува надвор од теренот. „Ултрас“ не е фудбалски филм, тој е за вербата во клубот“, вели Летиери.
Затоа сите настани во филмот се измислени иако е јасно дека се работи за главниот клуб во градот и неговите навивачи.
Режисерот објаснува и зошто го одбрале Наполи.
„Го избравме не само ради тоа што Неапол е мој дом. Во Неапол сите сакаат еден клуб а клубот е симбол на градот. Во Милано, Торино или Рим навивачите се поделени за неколку клуба“.
Уште пред да почне снимањето, сите навивачки групи знаеле што се спрема. Затоа организираните подгрупи од Неапол поставиле услов: да се избегне користење на нивната оригинална симболика, имиња, слогани. Затоа во филмот името на групата е измислено - „Апачи“. Ниедна подгрупа не дала користење на својот назив.
РЕЖИСЕРОТ СЕ КОНСУЛТИРАЛ СО УЛТРАСИТЕ
Публиката очекувала да види фудбалски аналог на култната „Гомора“ од режисерот Стефано Солима, серија која го освои светот.
Во што беше успехот на серијата за криминалниот свет на Југот? Во суровото сценарио кое го пишал легендарниот Роберто Савиано. Овој човек сам се внедрил во камора, најопасната мафија на светот, го видел нивниот живот одблизу, го изучил корупцискиот систем, механизмот на дилање дрога, рекет и сите други детали.
Савиано подоцна за тоа напиша книга која стана светски бестселер и го смени животот на цел Неапол.
Организираната мафија до ден денес е спремна да плати голема награда за главата на Савиано, па затоа Роберто живее под будно око на карабинерите.
Режисерот Летиери раскажал дека ја изучувал темата на ултрасите и контактирал со нив. „Имам многу пријатели кои се во групите. Правев интервјуа со нив, а се советував и со некои поранешни ултраси кои ми нудеа помош со приказни и реални ликови“.
Сценаристот на филмот, Пепе Фиоре признал дека бил далеку од светот на фудбалот.
„Просто нè инспирираше еден 50-годишен навивач кој доби забрана за посета на спортски настани и не може да влезе на стадион“.
РЕЦЕНЗИЈА НА „УЛТРАС“
Реакцијата на навивачите за филмот воглавном е дека приказната е лесна и стандардна а во неа се користи веќе позната историја. Алесандро Косентино, лидерот на Fedayn:
„Должен сум да кажам многу лоши зборови за оние кои го упатувале Летиери (режисерот) и му дале помош во снимање на филмот. Ми пратија неколку видеа ама не ги изгледав.
Ако сакате да сфатите какви сме ние на крај краева, изгледајте го „Estranei alla massa“ (документарен филм за групата Fedayn од 2001 година). Ние не сме некои несреќи од утро до ноќ“.
Радикален фудбалски возрасен навивач кој одамна размислува да се откаже од се и да живее нормален живот, но во последен момент се враќа видовме во Ник Лав во филмот „Football Factory“ на Дени Дајер. А за романтичарите: легендарниот филм Ultra'