Швајцарската фудбалска опсерваторија CIES ја стокми статистиката за возраста на играчите од екипите кои доаѓаат од Премиер лига, Серија А, Бундеслига, Ла Лига и Лига 1.
Со просечни 23,3 години најмладиот тим оваа сезона го има Ница, а фудбалерите во Киево се најстари и во просек имаат 31,4 години.
Во Премиер лигата најмлади играчи во просек има Тотенхем со 25,5, а најстари Ватфорд со 29,8 години. Во Бундеслига во Фрајбург се најмлади со просечни 24,2, а во Баерн Минхен најстари со 28,8.
Најмлади состави во Серија А имаат Болоња и Милан, а во Шпанија распонот е најкус и се движи од 25 до 28,8 години.
Во однос на учесниците во Лига на шампиони од водечките 5 првенства од Европа, највозрасен тим има Јувентус со просечни 29,7 години.
Тоа се должи на Буфон кој има 38 години, одбраната се состои од Барцаљи (35), Кјелини (32), Бонучи (29), Бенатиа (29), како и Кедира, Манџукиќ и Игуаин кои се поблиску до 30 отколку до 20 години.