Извесно е дека оној момент кога пандемијата на вирусот ќе престане, фудбалот и општо спортот ќе продолжат.
Има две приоритетни варијанти кои се разгледуваат: сезоната да продолжи па да се истера до јули како-така и да не се чека многу до новата сезона или воопшто ништо да не се доигрува, а на есен да се почне од нула.
Но има и сериозни револуционерни идеи. Ги предложија од Франција, тренерот на Олимпик Марсеј Португалецот Андре Виљаш-Боаш и претседателот на Ница Жан-Пјер Ривер.
Еве што предлагаат они:
Виљаш-Боаш предлага финишот на актуелнава сезона 2019/2020 да биде до ноември-декември, а следната сезона 2021 да се игра од јануари до ноември исто и сезоната 2022 да почне во првиот месец од годината, а да заврши во претпоследниот.
Португалецот предлага и Светското првенство во Катар 2022 да се игра онака како што е предвидено, од 21 ноември до 18 декември 2022.
Идејата на Виљаш-Боаш е идентична како и онаа на газдата на Ница Ривер од пред неколку недели - без паника и брзање да се заврши оваа сезона која би била продолжена до крајот на календарската година и секој на раат би се спремил.
„Мислиме дека е најдобра варијанта да завршиме во ноември и декември. Да се почне новата сезона со стартот на новата календарска година. Така спокојно ќе можеме да имаме нормална слика“:
Во тој случај и следната сезона 2021 комотно би можела да пројде без потреси во календарот. Европа би прешла на системот зима-есен.вОва би бил несомнен плус за клубовите кои не би морале дополнително да се прилагодуваат пред Мундијалот во Катар кој ќе се игра на зима 2022.
„Мојата идеја е да се прилагодиме на фактот дека оваа сезона прво беше уникатно планирана, но и да се адаптираме на неизвесноста со која се соочуваме денес“, вели претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривер.
Ривер предлага систем сезоната во Европа да се игра од јануари до декември. Во овој календар тој смета дека место би нашло и Европското 2020. Според него тој мисли дека би можело да се игра за време на летната пауза 2021 како и што е планирано.
Притоа главно прашање ќе остане што ќе се прави после Светското 2022? Дали конечно фудбалот ќе се синхронизира со годината во календарот? Што мислите?