Таг: календар

Празничната брука на Шанел

Шанел пушти календар со производи во продажба - секој ден, до Божиќ си отвараш по една вратичка и си наоѓаш „корисен“ производ - чинеше 825 долари и тоа што се паѓа внатре е срамота.

Кога сме почнале да го мериме времето во недели?

Седмицата или неделата е најскорешна од нашите мерки за време. Па сепак, денес е невозможно без неа да се замисли организацијата и на колективниот живот, и на индивидуалните активности.

А фудбалот да прејде на нов систем со сезона од јануари до ноември?

Додека спортот и целиот социјален живот уште се на пауза поради вирусот, сите инволвирани во спортот мислат што понатаму. Истекна една многу симпатична идеја.

Зошто веќе не си ги гледаме пријателите?

Да, зборуваме на чет, понекогаш и на телефон, но помеѓу секое видување поминуваат сè подолги и подолги периоди. Нарушувањето на колективниот ритам на одмарање значи прекин на меѓучовечките врски, а тоа атомизирање и изолирање е можен извор на тоталитаризам.

Парадоксот на тоа да си роден на 29 февруари

Кога ќе се спомне роденден, нешто што се подразбира е дека тој се слави секоја година. Освен ако си „престапно" бебе, какви што во САД има 187,000. Не го знаеме бројот кај нас, ама наша пријателка која вчера наполни 40 дуваше во десет свеќички. Баш фино ќе ѝ дојде на 80, кога ќе дува на 20.

Датумот на Велигден ќе биде фиксиран во рок од 5 до 10 години

Надбискупот од Кентербери процени дека христијаните наскоро ќе имаат еден заеднички и фиксиран датум за обележување на христовото воскресение. Традиционалистите уште сега се потат.

#Твитеркалендар 2013

Тоа дека група луѓе кои претходно не се познавале можат да направат нешто убаво, корисно и некому потребно, немотивирани од ништо друго освен од добрата мисла, е нешто кое прави да веруваме дека светот можеби и не го заслужува крајот кој му се најавува од време на време. 

Саудиска Арабија го укина календарот

Грегоријанскиот календар повеќе не смее да се користи од ниту една државна или приватна компанија / институција во Саудиска Арабија, и во иднина во земјата месеците и годините ќе се мерат исклучиво по Муслиманскиот календар (Хиџра.)