Саудиска Арабија го укина календарот

Грегоријанскиот календар повеќе не смее да се користи од ниту една државна или приватна компанија / институција во Саудиска Арабија, и во иднина во земјата месеците и годините ќе се мерат исклучиво по Муслиманскиот календар (Хиџра.)

Во земјата исто така се забранува и користењето на англискиот јазик за одговарање на телефонски повици и за комуницирање. Правилото најмногу важи за компании и хотели.

Одлуката донесена од министерството за внатрешни работи, има за цел да го зачува муслиманскиот календар и арапскиот јазик, пренесува весникот Ал Ватан.

Годината во Исламскиот календар е составена од 12 месеци и има 354 или 355 денови. Ова е месечев календар и не е синхронизиран со годишните времиња. Годишно тој може да се разликува 10 до 11 денови од Грегоријанскиот.

19 мај 2012 - 13:12