На ТикТок се натпреваруваат кој ќе направи посаркастично видео за евтините производи во календарот, а тие наивните почнуваат со „Не сум видела до сега адвент-календар на Шанел, па ај да видиме што е возбудата за 825 долари.“
Елис Хармон, тиктокерка што го има нарачано, отвара една вратичка и гледа дека има фул-сајз парфем Шанел 5.
И после отвара уште една и има - налепници.
Значи налепници.
Имаше и радости - се паѓа и кармин и лак за нокти, ама сето тоа спласнува кога ќе отвориш уште едно и внатре има платнено торбиче за чување нешто. На што, досетливи гледачи коментираат „А бе, за налепниците ти е тоа.“
Од останатите работи, има привремени тетоважи, бразлетна со врвка и пластична плочка со логото на Шанел, а редовните купувачи на Шанел велат дека и некои од производите порано се добивале бесплатно кога ќе купиш нешто.
Хармон се разбира сега е блокирана од Шанел, па нивниот профил е преплавен со коментари и пораки.⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀
Идејата со календарите е за доста помала вкупна сума да добиеш производи чија заедничка вредност знае да достигне и двојно од цената на еден календар.
Ама не - стикери.