Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Да, мрачно е.
Малиот: Имам фудбалска топка.
Швалерот: Баш убаво.
Малиот: Сакаш да ја купиш?
Швалерот: Не, фала.
Малиот: Татко ми е надвор, знаеш?
Швалерот: Добро, колку пари?
Малиот: 250 евра.
По неколку недели, малиот и швалерот повторно се сретнуваат во истиот ормар.
Малиот: Мрачно е овде.
Швалерот: Аха, мрачно е.
Малиот: Имам патики.
Спомнувајќи си што се случи минатиот пат, швалерот веднаш прашува:
- Колку пари?
Малиот: 750 евра.
Швалерот: Добро, купувам.
Неколку дена подоцна, татакото му вика на синот:
- Ај земи патики и фудбал и ќе одиме надвор да играме.
Малиот: Не можам, ги продадов и патиките и фудбалот.
Таткото: Ги продаде? За колку пари?
Малиот: Заедно за 1000 евра.
Таткото: Илјада евра?? Па тоа е грозно, така да ги дереш своите пријатели... тоа е многу повеќе отколку што тие работи вредат... одма те носам во црква за да се исповедаш!
Таткото го зел синот, го однел во црква и го оставил во просторијата за исповедање.
Малиот: Мрачно е овде.
Попот: Еј, ај не ми почнувај пак со тоа срање!