12-те убави, паметни и хумани

#Твитеркалендар 2013

Тоа дека група луѓе кои претходно не се познавале можат да направат нешто убаво, корисно и некому потребно, немотивирани од ништо друго освен од добрата мисла, е нешто кое прави да веруваме дека светот можеби и не го заслужува крајот кој му се најавува од време на време. 

Дојдете утре (недела, 23.12) во 20 часот во кафето „Ли“ (кај Млечен ресторан) за да ја споделите нашата радост од завршувањето на уште еден волонтерски, хуманитарен проект инициран од Букбокс - календар во чија изработка учествуваа: со својата убавина и твитови 12 девојки од Твитер, а со својот талент и знаење двајца фотографи и една дизајнерка. 

Ако ви се бендиса некоја од фотографиите кои ќе бидат изложени, а кои се наоѓаат на календарот (портрети/актови), купете ја, и на тој начин учествувајте во набавка на новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, со посредство на Црвениот крст на град Скопје.

По промоцијата ќе можете бесплатно да го симнете календарот од сајтот на „Борка" (www.borka.org.mk), како и од партнерски сајтови – пријатели на акцијата, во форма на компјутерски позадини.

Како тизер ја издвоивме онаа на која @Pluto_not_Mars соодветно на мисијата на Букбокс си гушка -  книга.

Ве очекуваме! 

22 декември 2012 - 19:36