Лацио и Ница кои се дел од групата К во Лига Европа, синоќа го одиграа еден од најдосадните натпревари во второто по ранг клупско европско натпреварување.
Домаќините играа со комбиниран состав и без Чиро Имобиле кој е најдобар стрелец во Европа со 18 гола, а гостите го држеа Балотели на клупа и го пуштија во игра дури во 80-та минута.
Она што е за издвојување на овој меч е статистиката која навистина ретко се гледа на еден фудбалски натпревар.
Фудбалерите на Лацио и Ница немаа ниту еден удар во рамки на гол. Компир.
Па локални екипи кога треба да ја местат 0:0, несакајќи ќе го погодат голот, а овие замислете не им отворија работа на голманите цели 90 минути.
Лацио сепак на крај го доби мечот и стигна до 4 од 4 во Лига Европа. Во нокаут фаза ги носи дефанзивецот на Ница, Максим Ле Маршан кој по еден корнер во 92-та минута се најде на погрешно место.