Axl Rose е анаграм на "oral sex". Инаку се вика Вилијам Беили.
Аксл порано заработувал по 8 долари на час пушејќи цигари во научен експеримент на УКЛА.
"Rock The Casbah" Клеш ја пишуваат откако рокот е е забранет во Иран.
Рокенрол евергринот "Wild Thing" го има напишано чичко ѝ на Анџелина Џоли, Чип Тејлор.
Lynyrd Skynyrd го имаат ова име по нивниот професор од средно Леонард Скинер кој ги избркал од школо заради долгата коса.
Брајан Џонс од Стоунси свирел преку 60 инструменти.
The Doors се првиот рок бенд кој се рекламирал на билборд.
Ноќта кога умре, Џон Бонам има испиено 40 шотови вотка.
Сите од Нирвана биле избркани од журката по повод излгувањето на нивниот албум Nevermind затоа што почнале да се маваат со храна.
Основачот на Fleetwood Mac, Џереми Спенсер ја напушта групата за да ѝ се придружи на сектата Децата на Господ.
По ситна грешка при снимањето на "Hey Jude", Пол Макартни вика "Oh, fucking hell" на 2:58
Пред да се нарече Боб Дилан, Роберт Ален Цимерман кратко се претставувал како Елстон Гун.
Малколм Јанг од AC/DC работел во фабрика за шиење брусхалтери.
Елвис има снимено преку 600 песни, Има напишано нула.
Првата верзија на дилановата "Like a Rolling Stone" била влашка, долга цели 6 страници.