Натпреварот меѓу Ница и Марсеј од 3. коло во Лига 1 заврши 15 минути порано поради голем инцидент во кој се пресметаа играчи, навивачи, тренери, помошници, а редарите не можеа да постасаат.
Огнот пламна во моментот кога навивачите на Ница го начекаа Димитри Паје кај корнер знаменцето и почнаа да го гаѓаат со шишиња, а овој се изнервира и почна да им враќа на ист начин.
Неколку фудбалери на Ница истрчаа и се обидоа да ги смират навивачите, но без резултат. Напротив тие влетаа на терен и настана голема мешаница.
Бесен поради односот на навивачите беше и Хорхе Сампаоли кој едвај го задржаа.
А еден од неговите луѓе од стручниот штаб со еден удар легна на земја навивач на Ница.
Тројца гостински фудбалери се пожалија на повреди.
Олимпик Марсеј одби да ја доигра средбата и според правилата Ница ќе добие службени 3:0, но од гостинскиот тим најавија жалба.