Фудбалерите на Ница славеа со 4:1 во изминатото коло во француското првенство и со тоа стигнаа до серија од 6 победи по ред. Изненадувањето на сезоната сега има фантастичен скор од 9 победи, 2 нерешени и ниту еден пораз со гол разлика 24:8.
Во тимот на Луис Фавре владее хемија, а играчите се во топол однос со своите навивачи кои им даваат поддршка на тренинзите, а тие ги примаат со задоволство, им даваат автограми и се сликаат со нив.
Марио Балотели секојдневно се прикажува во одлично светло, во медиумите му ги прикажуваат и бројат головите, а не глупостите на кои бевме навикнати да ги гледаме во Италија и Англија.
Со него Ница освен што им бега на ПСЖ и Монако на табела, остварува подем и на други полиња и го подобрува својот имиџ како клуб.
- Годишните карти на Ница сезонава се зголемени од 10.000 на 12.000.
- Просечниот број на навивачи кои одат на стадион изнесува 22.695 за разлика од лани кога бројот изнесувал 19.192.
- Ница има двојно поголем профит од продажбата на дресови за разлика од минатата сезона.
- Дресовите на Марио Балотели во просек се продаваат по 10 на час.
- Побарувачка има и од САД и Кина.
- Бројот на следбеници на официјалниот профил на клубот Инстаграм е поголем за 32%.
- На Фејсбук е пораснат за 18%.
- Сајтот на Ница го посетуваат и многу Италијанци, а во септември месец се регистрирани милион посети, рекорд за клубот.
Марио Балотели освен што игра во топ форма и реди голови, му годи и аѕурниот брег од каде објавува видеа на кој е примерен.