Историски пристаништето е старо околу 180 години, до 1990-те и не е нешто посебно активно, а за сметка на него се развиваат пристаништата во Хонгконг и Сингапур. Од почетокот на 1990 до 2005 таму се развива масовна инфраструктура со намера ова да биде доминантното пристаниште во Кина и во светот.
Дури во 2010 Шангај успева од пристаништето во Сингапур да ја преземе титулата „најпрометно контејнерско пристаниште“ во светот, и во тоа време со годишен промет од само 29 милиони контејнери. Планот е до 2025, сообраќајот да порасне на 50 милиони контејнери годишно (или околу 137 илјади контејнери дневно). Месечно, околу 2.000 бродови го напушаат пристаништето кон една од 281 дестинации кои ги покрива.
Во денешното издание пристаништето има три главни работни зони: две за речен сообраќај и една за морски. Во рамки на Кина, само низ ова пристаниште минува над една петтина од целиот увоз-извоз товарен сообраќај.
Сите овие милиони контејнери по површина за сега зафаќаат околу 4 километри квадратни, што е повеќе од цел Чаир (3,52 км2).
Во корист на пристаништето е и тоа што има инфраструктура и опрема за примање на најголемите товарни бродови, со кранови со капацитет над 100 тони. На располагање во секое време се и најмалку 125 докови и 19 терминали.
Последниот голем проект е отворање на цел засебен автоматизиран терминал кој без човечка помош ќе прави утовар и истовар на контејнерите.