
Атлас е лансиран во време кога Опен АИ бара нови начини да ја искористи огромната база од 800 милиони активни корисници за монетизација на својот огромен влог во развојот на ВИ.
На секоја посетена страница ќе може да се отвори прозорец со резиме за содржината, за анализирање податоци или за споредба на производи.
Покрај основната верзија, на корисниците што ќе се претплатат ќе им биде понуден агент што самостојно ќе извршува задачи – од пребарување содржини до резервирање билети или купување производи. Опен АИ веќе склучи партнерства со популарни страници за е-трговија како Etsy и Shopify, како и со услуги за резервации како Expedia и Booking.
Предност за Атлас е и тоа што Гугл беше прогласен за „нелегален монопол“ во онлајн пребарувањето, но му беше дозволено да го задржи Хром. Веднаш по промоцијата на Атлас, акциите на Гугл паднаа за 1,8%. Корисниците на располагање веќе имаат и други браузери, како Комет на Перплексити, Неон на Опера и Еџ на Мајкрософт.
Аналитичарот Пет Мурхед е скептичен дека Атлас ќе биде сериозен предизвик за Хром или Еџ.
Вообичаените корисници, почетниците и професионалците само ќе почекаат нивните омилени прелистувачи да ги додадат опциите што сега ги нуди Атлас. Еџ на Микрософт сега веќе нуди многу од овие можности, оцени Мурхед.