Не е дека куќа од бродски контејнери не може да се направи или не е направена, и ако тоа е главната намера и желба, тогаш немате никаков проблем. Тоа што е лага е дека бродските контејнери се некаква евтина а солидна замена за градење куќа. Може да имате куќа од бродски контејнери, ама по речиси иста цена како нормална куќа.
Архитектката Белинда Кар наведува 7 причини зошто бродските контејнери се лошо решение:
1. Големина
Има два модела на стандардни бродски контејнери. Поголемиот е долг 12 метри, а помалиот 6 метри. И двата модела се широки 2,4 метри, а високи 2,6 метри (со тоа што малку поретко може да се најдат и модели високи 2,9 метри).
Ова само по себе и не е така лошо, меѓутоа за еден контејнер да биде подготвен за живеење мора од сите четири страни внатрешно да го изолираш топлински и звучно, и да му додадеш инсталација за струја и вода (довод / одвод). Кога ќе ги завршиш овие работи губиш околу 30 сантиметри од вкупната висина и по 15 сантиметри од страните.
2. Цврстина
На контејнерот засилена е само рамката каде е и шасијата на целата кутија. Заради ова, за секоја направена дупка (прозор, врата, инсталација) контејнерот мора да се засили со дрво или железо. Доколку се реди еден над друг, контејнерот мора да биде поддржан на сите четири страни. Контејнерот е дизајниран и направен, неговите четири странични столбови да се порамнети со структурата на контејнерот под него или над него.
3. Топлинска пропустливост на контејнерот
Бидејќи имаш метална кутија, таа или ќе биде врела во лето или мраз во зима. Ова се решава со изолација. Ама па изолација од внатре може да предизвика влага и мувла, па затоа се препорачува изолација од надвор, со што пак се губи изгледот.
4. Здравје
Никогаш не знаеш какви сè хемикалии се пренесувале со контејнерот и дали тие некогаш истекле. Едно од решенијата е цел контејнер прво да се испескари па потоа пак да се префарба.
5. Локација
Бродски контејнер има логика во крајбрежни реони или пристанишни градови, каде тие се генерално достапни, ама не и да се плаќа за нивен транспорт во внатрешноста.
6. Екологија
Не се ништо посебно еколошки.
7. Решение за станбени проблеми
Колку што се решение за екологија, толку е се и за станбени проблеми.