Песна на денот

Пола човек - Вили Нелсон

Најновиот број на музичкиот магазин Moџo е посветен на 10-годишнината од смртта на Џони Кеш, и оди со ЦД, под наслов „Џони Кеш и пријателите". Eдна од песните на него е најдобра поетска дефиниција на тоа што е „пола“ која до сега сме ја сретнале.

Џери Ли Луис, Ник Кејв, Таунс ван Занд..секоја од нивните песни е или инспирирана од Кеш, или пак е резултат на соработка со него. Сите се супер, ама една на Вили Нелсон особено ни остави впечаток.

Half a Man e напишана далечната 1963, на корицата на албумот на која е содржана (Here's Willie Nelson) Вили е речиси непрепознатлив, млад и со кратка уредна коса, но звучи како неговиот стил да е веќе запечатен. Ставена е во оваа компилација затоа што тој заедно со Кеш и Крис Кристоферсон долго време бил член на катри супер групата Highway Man, и често ја изведувале на концертите. Но нам ни се врежа заради најдобрата дефиниција на тоа што е 50% која кога и да е сме ја слушнале - пола е кога нема скоро ич.

ПОЛА ЧОВЕК

Да имав само една рака да те прегрнам,
уште подобро, да немав ич
тогаш нема да имав две раце што те бараат
и ќе имав еден спомен помалце.

Да имав едно уво за слушање
за лагите кои ми ги изнакажа,
тогаш повеќе ќе личев на получовекот
кој ти од мене го направи.

Да бев роден со само едно око,
тогаш ќе имав едно око помалку за плачење.
И ако половина од моето срце се стореше пепел
можеби ќе поминеа пола од моите болки.

Да имав само една нога за стоење
тогаш ќе ме видеше вистински,
затоа што тогаш повеќе ќе личев
на получовекот кој ти од мене го направи.

7 октомври 2013 - 12:16