Со почетната инвестиција од 6,2 милијарди долари, проектот Прометеј е еден од најбогато финансираните рани стартапи воопшто. Иако влегува релативно доцна на пазарот за вештачка интелигенција, амбицијата е да го повтори успехот на пионерските компании како Опен АИ и Антропик, кои исто така почнаа „од нула“.
Поголемиот дел од парите ги обезбеди Безос. Коосновач и ко-извршен директор на проектот е Вик Баџаџ, физичар и хемичар кој тесно соработуваше со Сергеј Брин од Гугл во истражувачкиот проект Google X за развој на автономни автомобили и беспилотни летала. Баџаџ беше и еден од основачите на лабораторија за биолошки науки, а потоа и директор на Foresite Labs – инкубатор на нови стартапи за ВИ.
Во проектот Прометеј веќе се вработени стотина лица, вклучувајќи истакнати инженери од Опен АИ, Мета и Дипмајнд. Двајца истражувачи од проектот Дипмајнд - главната лабораторија за ВИ на Гугл, пред еден месец ја добија Нобеловата награда за хемија за проектот AlphaFold, кој може да помогне за забрзано креирање лекови.
Се претпоставува дека Прометеј ќе се посвети на усовршување на вештачката интелигенција за проширување на научните хоризонти со нови откритија.