Појака ВИ значи поголема закана од кибертероризам

Трката за развој на вештачка интелигенција го менува општеството во реално време, генерално за добро - но и злонамерните добиваат моќна алатка. Некои од најголемите опасности од ВИ, како што се нападите врз инфраструктурата, се веќе реални и треба да се создаде соодветна заштита, тврди нобеловецот Демис Хасабис, извршени директор на Google DeepMind.

Хасабис оцени дека постои значителен ризик за „катастрофални исходи“ од злоупотреба на вештачката интелигенција како што се развива технологијата, особено од кибертероризмот насочен кон енергетската или водоводната инфраструктура.

Тоа веројатно речиси веќе се случува, можеби засега не со многу софистицирана вештачка интелигенција, но мислам дека тоа е најочигледниот ранлив вектор, вели Хасабис, говорејќи на самитот AI+ во Сан Франциско.

Експертите често зборуваат за концептот „p(doom)“, односно веројатноста за катастрофа предизвикана од вештачката интелигенција. Хасабис рече дека неговата сопствена проценка за ризикот од p(doom) е мала, но не е нула.

Хасабис во мај предвиде дека веќе до 2030 година може да биде достигнато нивото на „општа вештачка интелигенција“ (АГИ), која ги надминува човечките способности

АГИ, веројатно најголемиот момент на трансформација во историјата на човештвото, е на хоризонтот. Во идните 12 месеци голем предизвик ќе бидат моделирањето на целиот физички свет за да се предвиди како функционира, додаде директорот на Дипмајнд.

5 декември 2025 - 08:15