Скандалот еруптираше деновиве откако на кинеските социјални мрежи се појавија видеа од саемот, на кое две Кинезинки од штандот на Мини им кажуваат на посетители етнички Кинези дека сладоледот им завршил, за неколку моменти подоцна да извадат сладолед од фрижидер кога кај нив ќе застане Западњак.
По видеото се распали гневот меѓу кинеската он-лајн публика дел од која повикувала на бојкот на БМВ во земјата, обвинувајќи ја компанијата дека им давала повластен третман на странците.
Кина е најголемиот пазар на БМВ, надминувајќи го САД пред околу една деценија. Минатата година БМВ груп испорачала 792.000 возила во Кина, споредено со 362.000 во САД. Во Европа, компанијата има испорачано 878.000 возила.
Во извинувањето што Мини Кина го објавува на Веибо, за грешката го обвинува сопствениот „невнимателент внатрешен менаџмент и запоставувањето на обврските од нашите вработени, што довело до непријатни чувства за сите.“
Неколку дена подоцна Мини Кина објави уште едно видео во кое тврди дека Западњаците кои добиле сладолед биле дел од вработените.
Последниве години кинеските потрошувачи охрабрени од својата куповна моќ и од владата се сè повеќе наострени на критикување на западни брендови по најразлични основи за навреденост.