Таг: бмв

Сладолед скандалот на БМВ во Кина

На автомобилски саем во Шангај, Мини, компанија на БМВ, одлучува како дел од промоцијата да дели сладоледи на посетителите. Инцидентот се случува откако некои локални Кинези не добиваат сладолед, а Западњаци добиваат. Сега БМВ се извинува, а Кинези кршат БМВ-а по паркинзи.

Новото БМВ ИксЕм е или прекрасна или прегрда кола

Од една страна се дизајнерите, маркетинг одделот на БМВ и секакви инфлуенсери кои добиле шанса да го снимаат новиот џип на БМВ ИксЕм. Од другата страна е тешкашот во автомобилскиот дизајн и автор на првиот Икс 5 џип, Френк Стивенсон.

Словенија има 4 Груевци

Словенечката влада, која упорно не дава никакви официјални податоци за набавката, беше исцинкарена од сопствениот регистар за следење на трошењето на буџетот кој потврди дека владата платила 2 милиони евра за четири нови блиндирани возила.

БМВ „type 18“ од Ауто фабрика

Ауто фабрика се браќата Бујар и Газменд Муареми од Лондон, БМВ моторад е одделот за мотори на Германците. Вака изгледа нивната соработка.

Понуда на денот, нова БМВ 5-ка за 2.000 долари месечно

Во САД БМВ започнува пилот програма во која членовите ќе можат да возат автомобили од каталогот на компанијата за претплата од 2.000 долари. Ова е основна претплата и во неа влегуваат автомобили како најновиот модел на Х5 или серија 5.

Тесла продаде повеќе Модел Ес во Европа отколку Мерцедес Ес класа

2017 Тесла во Европа ја заврши со продажба на 16.132 автомобили од Модел Ес, основниот модел е 71.100 евра, што е за 30% повеќе автомобили отколку во претходната година.

Најтажното и најубавото видео што може да го изгледа човек со БМВ

Видеото почнува со тоталка БМВ и човек со шмишајбна. Завршува со ганц ново БМВ пицнато за плац со спремна приказна „ абе професор го има возено во Германија, до факултет и назад“.

Сложни Германци дизел не ги бие

Фолксваген, Ауди, Порше, БМВ и Мерцедес во 1990-те формираат таен картел за соработка на тема заобиколување на прописите околу загадувањето од дизел, објавува Шпигел.

Германија до Трамп: Ќе купувавме американски коли да ги биваше

Трамп пред некој ден ја критикуваше Меркел за нејзината позиција кон бегалците и се закани дека ќе воведе 35% царина на увоз на БМВ во САД, затоа што Германците биле нефер и не купувале американски автомобили.

Кога нема, нема ни за БМВ

Од една страна комплетна идиотштина е да му ги запалиш сите залихи со храна на тркачкиот тим на БМВ затоа се увезени, а ти не дозволуваш увоз на храна од Запад. Од друга страна, не знаеме како би реагирал Западот ако тркачкиот тим на Лада со себе си понесе пола камион забранета храна.

Го гуглаше ли Гугл Алфабет?

Ако Лари Пејџ и Сергеј Брин го сториле тоа пред да решат да го искористат тоа име за новата холдинг компанија која е чадор за Гугл и сите други сестрински фирми, тогаш знаат дека и заштитената марка и домеинот со тоа име му припаѓаат на БМВ. И дека Германците не сакаат да ги продадат.

БМВ со катастрофално утнат 1 април

Во најлошата, историски глупа, неподносливо непромислена прво априлска шега, која комлетно го има утнато значењето на денот, БМВ Нов Зеланд му вети на првиот човек што ќе дојде кај нив во претставништво и ќе го побара Том, дека бесплатно ќе му даде скроз ново БМВ. Нашето мрчење од почетокот на текстот е што стварно им дадоа скроз ново БМВ.

Што канџата?

Едно е да се бунтуваш против властите и секој можен авторитет, друго е да не правиш разлика меѓу цена на казна за паркирање и колку ќе те чини поправкна на БМВ Икс 5-ка.

Кружен тек vs. БМВ

Борбата е во совладувањето на кругот. Кружниот тек е 1, а БМВ-а има 6 и тоа двојки. Конкретно M235i. Целото снимање е вежбано и организирано, ама не е снимано.

Ништо на БМВ не е случајно

На сите луѓе што работат на БМВ, на крај доаѓаат и една група на луѓе (вкупно 14) чија единствена работа е - како звучи автомобилот. Ова опфаќа - каков е звукот на затворање врата, ставање каиш, затворање и отворање прозорци или багажник, звукот на жмигавец или копче на шалт табла.

Милион причини за саем

На прв поглед саемот за автомобили во Пекинг е ист како и саемот во Женева, Детроит или Франкфурт. За производителите, Пекинг разликата ја прави на завршна сметка.