Новото БМВ ИксЕм е или прекрасна или прегрда кола

Од една страна се дизајнерите, маркетинг одделот на БМВ и секакви инфлуенсери кои добиле шанса да го снимаат новиот џип на БМВ ИксЕм. Од другата страна е тешкашот во автомобилскиот дизајн и автор на првиот Икс 5 џип, Френк Стивенсон.

Две работи што треба да се знаат за џипот: 1. Ова е најскапиот џип некогаш направен од БМВ, и 2. Тој чиста М верзија и е направен за да се прослави 50-годишнината на М серијата на БМВ, што само по себе е контроверзно бидејќи низ тие 50 години има 24 М верзии на БМВ модели од кои само 4 се џипови.

И двете страни се согласни дека ова е целосно нов автомобил кој не личи на ништо претходно, освен некои мали детали. Превоодушевената Александра Мери Хирши (Суперкар Блонди) од Јутјуб не може да се доизрадува на деталите што БМВ ги ставил во новиот модел, од капачиња на бандажи што се вратат, до кровни светла, задните жмигавци и дупли двојни ауспуси.

Да ја чуеме Суперкар Блонди со сите инсајдерски податоци што ги има од БМВ:


Стивенсон има свое мислење и ќе го оставиме сам да го каже. Ние да кажеме нешто за него, има работено на: Форд Ескорт РС Косворт, го има направено новото Мини (од 2000-те), а подоцна и Икс 5 џипот, се префрла во Ферари каде работи на Ферари ФХХ и Ферари Ф430, Масерати ГранСпорт и МЦ12, од таму станува прв човек за дизајн на Фиат Ланчиа, каде работи на Пунто, Браво и Фиат 500. Од Фиат се сели во Мекларен, каде е одговорен за новата линија на возила.

12 јануари 2022 - 15:37