Алфабет е дел од германскиот автомобилски гигант кој дава услуги на фирми кои имаат возен парк. Велат дека не биле контактирани од Гугл пред неговите луѓе да ја формираат мајчинската фирма со тоа име која ги обединува сите нивни компании. Велат дека не планираат да го продаваат името и домеинот кој во минатото веќе им бил побаран од еден инвестициски фонд со тоа име.
Има и други Алфабети наоколу: Alphabet Energy во Калифорнија, Alphabet Record Company во Остин, водоводџиска фирма Alphabet Plumbing во Аризона, како и бројни градинки и ресторани со тоа име или негови варијации. Ако фирма користи некое име тоа не значи дека автоматски друга не смее да го употребува. За кршење на правата се смета само доколку одбраното име може да ги доведе во заблуда потрошувачите. Во германскиот Алфабет велат дека онлајн услугите им се битен дел од работата па интересно е да се види како ќе се развива таа ситуација.
Во секој случај, по објавувањето на новото име, нивниот сајт беше затрупан од сообраќај иако адресата на гугловиот Алфабет е abc.xyz.
Во меѓувреме, некои Алфабет фирми се загрижени дека новиот гигант ќе ги преклопи и ќе ги направи невидливи на интернет а други се надеваат дека можеби ќе добијат некоја великодушна понуда од големиот Алфабет доколку овие решат да го монополизираат името.