Кадровските решенија на Алфабет се горе-долу исти како што беше во Гугл. Досегашниот ЦЕО и ко-основач на Гугл, Лари Пејџ, поднесе оставка на позицијата за да стане ЦЕО на Алфабет, колегата ко-основач Сергеј Брин е претседател на Алфабет, а долгогодишниот директор на Гугл Сундар Пичаи е новиот ЦЕО на Гугл.
"Што е Алфабет? Алфабет претежно е збир од компании. Најголемата од кои секако е Гугл. Новиот Гугл има малку ослабено, со тоа што компаниите кои се оддалечени од нашите главни интернет производи се префрлени во Алфабет. Што сметаме ние под оддалечени? Добри примери за ова се нашите напори околу здравјето: Лајф Сајансес (кои работат на контактни леќи со сензори за гликоза), и Калико (фокусирани на долговечност). Во основа, ние веруваме дека ова ни дозволува подобро менаџирање, додека независно управуваме со работи кои не се многу поврзани," објаснува Лари Пејџ во блог-пост од понеделникот.
Алфабет инк. ќе го замени Гугл како јавно тргувана компанија на берзата, и од сега сите акции на Гугл се акции на Алфабет, а Гугл станува подружница која е во комплетна сопственост на Алфабет.
УРЛ-то на новата компанија е abc.xyz
Целиот блог пост на Лари Пејџ