Таг: алфабет

Гугл Синдикат

Тоа што луѓе обично го толкуваат како „фирма со многу програмери“ всушност е конголмерат со 120.000 вработени (Велес и Струмица заедно имаат околу 110.000 жители). За прв пат овие 120.000 вработени се на пат да имаат синдикат.

Подемот, исчезнувањето и пензионирањето на основачите на Гугл

Лари Пејџ и Сергеј Брин, објавија дека се повлекуваат од секојдневните извршни функции во Алфабет, мајката компанија на Гугл, и колку и да звучи ова изненадувачко, за аналитичарите тоа е само кулминација на повеќегодишното разделување на овие двајца и компанијата што ја основаа пред 21 година.

Епл моментално вреди 40% повеќе од градот Чикаго

Добрата вест за Чикаго е дека не е градот нешто посебно безвреден, бидејќи во споредбата само Њујорк и Лос Анџелес се нашле пред Епл.

Америка конект

Гугл веќе четири години копа и мести оптички кабли во неколку одбрани градови низ САД. Таму каде што ќе намести нуди интернет (и телевизија) со 1 гигабит аплуоуд и исто толку даунлоуд. Алфабет, мајката компанија на Гугл, верува дека истото ова може да го постигне и преку безжичен интернет, без копање.

Го гуглаше ли Гугл Алфабет?

Ако Лари Пејџ и Сергеј Брин го сториле тоа пред да решат да го искористат тоа име за новата холдинг компанија која е чадор за Гугл и сите други сестрински фирми, тогаш знаат дека и заштитената марка и домеинот со тоа име му припаѓаат на БМВ. И дека Германците не сакаат да ги продадат.

Алфабет е новиот сопственик на Гугл

За да ги појасниме овој и сите наслови кои ќе се појават, Алфабет не го купи Гугл, Алфабет не е новото име на Гугл, Алфабет не дел од Гугл, туку Гугл формираше ја формираше Алфабет која ќе биде мајка компанија и сега Гугл ќе биде нејзин дел.