Пресметката на Банк оф Америка ја споредува пазарната вредност на компанијата и БДП-то на градот.
По актуелни бројки, пазарната вредност на Епл е околу 803 милијарди долари, што е за 38% повеќе од вистинскиот БДП на Чикаго кој во 2016 изнесува 581 милијарда долари. Освен Епл и мајката компанија на Гугл, Алфабет, со 657,9 милијарди долари успева да го надмине БДП-то на Чикаго.
Пред Епл се само Лос Анџелес и Њујорк. Лос Анџелес на производителот на Ајфон му бега со достижни 4% (832 милијарди наспроти 803 милијарди).
Ситуацијата со Њујорк е драстично поразлична, па на Епл му е потребен раст на пазарната вредност за околу 85% за да може да го стигне БДП-то на Њујорк, кое минатата година изнесуваше 1.483 милијарди долари. Њујорк е толку напред на оваа листа, што дури и да се спојат Епл и Алфабет, Големото јаболко пак ќе има околу 2% предност.
Она што е поразително за сите останати светски економии е дека заедничката вредност на Епл и Алфабет (1.461 милијарда долари) е поголема отколку финансискиот сектор на Јапонија и еврозоната, кои се движат околу 1.310 милијарди долари.