Причината за ова е што поставувањето оптика не е ни најмалку пријатна и евтина работа, а во исто време новиот проект е изводлив благодарејќи на унапредените компјутерски чипови и прецизното "нишанење на безжичен сигнал".
Претседателот на Алфабет, Ерик Шмит, верува дека тие можат безжично да пуштат интернет конекција од 1 гигабит во секунда. Претпоставката е дека дома би требало да имате специјален уред кој би го примал безжичниот сигнал.
Технологијата моментално се тестира во Канзас сити, кој исто така беше прв град во кој беше воведен Гугл Фајбер, а демонстрацијата на услугата се очекува да биде некаде во текот на следната година. Според Вол стрит журнал, се тестираат "неколку безжични технологии."
На состанокот на бордот на Алфабет, Шмит најавува уште неколку експерименти на кои работат "што до сега имаат ветувачки резултати" како имитација на месо базирана на растенија, ЗД печатење на згради, и повеќе работа во вештачка интелигенција и виртуелна реалност.