Два оклопни Мерцедеса С-Гард по 800.000 евра парче, и две БМВ-а Икс 5 по 200.000 евра парче се новото засилување на возниот парк на словенечката влада. Набавките се направени без јавно наддавање.
На монологот на словенечките новинари - имаме ли ние граѓаните право да знаеме како се трошат нашите пари од данокот, од полицијата одговараат со - не.
Според словенечката полиција - заради национална безбедност и безбедност на заштитените лица, не можат да се дадат никакви податоци околу набавката. Или како што тие објаснуваат „би било крајно непаметно јавно да се соопштува како и до кој степен државата, тука вклучувајќи и со возила, е способна да заштити од тероризам и инцидент, посебно што се работи за безбедноста на странски функционери на словенечка територија, за кои сме одговорни исклучиво ние.“
Од друга страна словенечкиот премиер Марјан Шарец ветува дека „ќе биде откриено се што може да биде откриено без да се загрози безбедноста на лицата кои ќе ги користат овие возила“.
Шарец ветил дека ниту тој, ниту министрите, нема да се возат во новите во возила, и дека тие ќе бидат наменети само за странски делегации.