Вредноста на овој саем се мери по следната основа: во Кина се регистрираат 1 милион нови автомобили секој месец, да изгубиш само 0,1% од овој пазар, значи 12 илјади помалку продадени автомобили годишно.
Главни ѕвезди на "Авто Кина 2012" се германските производители, кои со текот на годините ги имаат научено сите потреби и навики на Кинезите, посебно нивната желба за "продолжени" автомобили.
Така БМВ само за кинескиот пазар, ќе понуди ја серијата 3 со 11 сантиметри подолго меѓуоскино растојание. Ауди за прв пат ќе ја извади продолжената верзија на А6, а Мерцедес ќе излезе со CLA купето со четири врати базирано на новата А-класа.
Светска промоција на Cayenne GTS, Порше ја закажа за саемот во Кина. Причина за ова е и што на ниту еден пазар на планетава Порше не продава толку Кајени како во Кина.
Од теренците, на саемот (како концепт) ќе биде промовиран и Урус, теренецот на Ламборџини.