Таг: ауди

Ламборџинија, Поршиња и Аудија горат сред Атлантски океан

Во близина на азорскиот брег се случува непланиран викиншки погреб за илјадници возила, меѓу кои и луксузни примероци од горенаведените брендови, откако избувна пожар во товарен брод што вози за Фолксваген.

Го потопи Манчестер, а пред 20 години работел како шанкер и гланцал кригли

Она што го поминал Германецот Томас Тухел дефинитивно заслужува сценарио за филм. Да стане тренер поминал трнлив пат и никогаш не се откажал. Најголема поддршка му била девојката Сиси.

Сложни Германци дизел не ги бие

Фолксваген, Ауди, Порше, БМВ и Мерцедес во 1990-те формираат таен картел за соработка на тема заобиколување на прописите околу загадувањето од дизел, објавува Шпигел.

Фудбалерите на Челси вежбаа прецизност во Ауди

Ната Аке и Лоик Реми се натпреваруваа против Азард и Вилијан во три игри: Кој ќе бутне повеќе топки во гепек, потоа играа сервис и на крајот со долги топки гаѓаа во кабриолети. Ауди им е официјален партнер.

Милан vs Ауди Р8

Адил Рами, Жереми Менез, Кеисуке Хонда и Рикардо Монтоливо снимаа реклама за јапонската компанија „Toyo Tires“ и се тркаа со спортскиот модел Ауди Р8 кој прв ќе даде гол преку цело Милано. Во меѓувреме, во помалку режираниот свет, Милан успешно го задржува 7-то место на табелата.

Некомпромитиран

Ауди го зема Рики Џервејс за главната улога во новата кампања за Ауди А3. Проблемот со Рики Џервејс е што е бескомпромисен па или го сакаш или не го поднесуваш, плус треба да им го продадат на Американци. Ауди, поточно агенцијата Venables Bell & Partners му ја наоѓаат совршената улога и сценарио, за сето ова да изгледа совршено.

Милион причини за саем

На прв поглед саемот за автомобили во Пекинг е ист како и саемот во Женева, Детроит или Франкфурт. За производителите, Пекинг разликата ја прави на завршна сметка.