Тесла продаде повеќе Модел Ес во Европа отколку Мерцедес Ес класа

2017 Тесла во Европа ја заврши со продажба на 16.132 автомобили од Модел Ес, основниот модел е 71.100 евра, што е за 30% повеќе автомобили отколку во претходната година.

Успехот на Тесла е уште поголем затоа што на домашен терен ги поразува Мерцедес и БМВ, кои 2017 во Европа ја завршуваат со продадени 13.359 примероци на Ес класа и 11.735 примероци на 7-ца.

Во Америка, разликата е далеку повеќе во корист на Тесла, чиј Модел Ес има дупла предност во продажба пред Ес класа на Мерцедес.

Тесла и кај џипови успеваат да набијат разлика пред БМВ па на европски терен имаат продадено 12.000 примероци на Модел Икс што е 2.000 повеќе отколку Икс 6, и отприлика исто колку и Порше Кајен.

Утешително за Мерцедес е што Ес класа останува светски лидер по продажба, меѓутоа исклучиво благодарејќи на продажбата и големата побарувачка во Кина. Кинескиот автопроизводител Geely деновиве купи 9,69% од Мерцедес-Бенз за околу 9 милијарди долари, со што стана најголемиот акционер во германската компанија.

26 февруари 2018 - 17:10