Таг: тесла моторс

Американскиот суд не дава Илон да добие поголема плата

Судот во Делавер одбива да дозволи на Илон Маск да му биде исплатена платата што ја има договорено со Тесла и веќе е прифатена од компанијата. Според судијката Илон не заслужува плата од милијарди долари.

Како да кажеш дека Тесла шпионира за Американците, без да кажеш дека Тесла шпионира за Американците

Од 1-ви јули ниту едно Тесла возило два месеца нема да смее да припари во кинескиот крајбрежен туристички дистрикт Беидаихе, во кој треба да се одржи летниот партиски состанок на раководството на Кинеската комунистичка партија.

Како се краде Тесла за 130 секунди

Хакер (или по ново истражувач на безбедност) успева на Тесла автомобил да му ја направи отприлика истата фора што бугарски крадци на коли ја правеа на почетокот од 2000-те, кога прв пат излегоа далечинските клучеви за коли, да го украде сигналот од клучот на Теслата.

Прва средба со Тесла Модел Ес плаид

Ова е моделот што развива од 0 до 60 милји на час за 1,99 секунди*.

Ни Тесла не може да смисли тоа што мрзлив може да смисли

Тесла го има еден од најдобрите автопилоти во автомобилската индустрија. Некој Американец пак има Тесла, а има и куче што треба да го префрли не којзнае колку далеку, но нема време и/или волја за тоа. Чувствувате каде оди муабетот?

Од неодамна е за 11 милијарди долари пофино да се биде Илон Маск

Заради тромесечје со „сите петки“ по предметот исполнети очекувања, првиот човек на Тесла се квалификуваше за збогатување во износ од 11 милијарди долари.

Тесла продаде повеќе Модел Ес во Европа отколку Мерцедес Ес класа

2017 Тесла во Европа ја заврши со продажба на 16.132 автомобили од Модел Ес, основниот модел е 71.100 евра, што е за 30% повеќе автомобили отколку во претходната година.

Елон Маск создаде историја на човештвото

Успехот на Спејсикс во лансирањето на Фалкон Хеви е што постави рекорд за најтешка лансирана ракета во историјата. По ова следуваше втората фаза од подвигот приземјувањето на ракетите кои беа лансирани.

Тесла репорт

Тоа што Тесла може сама да вози значи дека треба да направи илјадници пресметки и предвидувања во секунда, за добро на сите. Во пракса (ненамерно и не е тест) тоа значи дека Тесла може да предвиди судир (и да ти алармира) пред тоа воопшто да се случи.

На Тесла му фалат 200 и кусур коњи?

Група од над 100 Норвежани кои ги поврзува тоа што поседуваат Тесла Модел С седан П85Д, го тужат Тесла моторс по основа дека колата не постигнува лудачки брзини како што е ветено.

Рака што дава, добива Тесла

Ликот што пред некое време го крена минималецот во својата компанија на 70.000 долари, доби поклон Тесла од вработените.

Првата сообраќајка на автопилотот на Тесла во која загина човек

Во четвртокот возач на Тесла Модел Ес загина во сообраќајна несреќа откако автопилотот на неговиот автомобил не реагирал кога пред него изненадно се појавил камион со приколка.

И би Тесла Модел 3

Продажбата на автомобилот започнува во 2017-та, а почетна цена му е 35.000 долари (што е нешто над 30.700 евра).

Грешката во "Тесла-топијата"

На крајот од месецот Тесла ќе го презентира Модел 3, автомобилот на струја од 30.000 долари. Буката околу автомобилот во рок од еден месец ги крена акциите на Тесла од 140 на 230 долари, "и со ова почнуваме нов круг на 'Тесла-топија'".

Сопственикот на Тесла автомобил што доби казна за загадување

Џо Њуен ги минува последните 7 месеци обидувајќи се да ја увезе својата Тесла Модел Ес од Хонгконг во Сингапур. Само што влегува во кола завршува со казна за претерана емисија на штетни гасови. Не дека некој го мрази Џо, таков е законот во Сингапур.

Топ Гиар неферски

Елон Маск, основачот на Тесла моторс (пред тоа ПејПал и сл.), одговара на прашања на ЈуТјуб, меѓу нив за дебаклот на Теслата на тестот на Топ Гиар. Неговата верзија - прво не е точно, второ не мора да ја повторувате снимката цело време, трето чекаме суд.

Тесла до Ромни: Кој е сега лузер?

Додека ја предаваше наградата за Автомобил на Годината на Model S седанот на Тесла моторс, уредникот на Мотор Тренд порача дека признанието е заради "севкупната извонредност на автомобилот, а не само заради тоа што тој е електричен." Ромни знаеше дека ова нема да заврши добро.