Категориите на напредок се приходи од прв квартал и профит од прв квартал, а успехот се должи на рекордна испорака на возила, силна побарувачка од Кина и продажба на зелени кредити (кои компанијата ги собира заради производство на електрични возила и потоа ги продава на други производители на кои им недостасуваат). Во пари сето ова на Тесла изминатиот квартал и носи 10,39 милијарди долари.
Ваквиот успех значи дека се исполнети условите за петата и шестата транша од 12-те транши што потенцијално му следуваат на Маск според неговиот договор со Тесла од 2018.
Секоја од овие транши му дозволува на Маск да купи по 8,4 милиони акции од Тесла по цена од 70 долари, што е попуст од над 90% во однос на понеделничката цена од 722 долари за акција.
Маск инаку не добива никаква плата од Тесла, а надоместокот му зависи од пазарниот удел што го има и финансискиот раст на компанијата.
И покрај тоа што има производство кое е само делче од она на Тојота, Фолксваген и ГМ, Тесла моментално е највредниот производител на возила во светот со пазарен удел од 700 милијарди долари. За споредба Тојота има 250.