Сообраќајката се случила во Флорида, а од Тесла моторс одбиваат да кажат дали грешката била на возачот или на автомобилот. Во соопштението тие објаснуваат дека пред автомобилот се испречил камион со бела боја, а сонцето во тој дел од денот било толку силно, што автопилотот, заедно со сите сензори, не го забележале возилото и не ги активирал кочниците.
Од Тесла изјавуваат дека од нивните купувачи се бара да дадат "експлицитна потврда" дека сфаќаат дека автопилотот е нова технологија која се уште е во развој, во спротивно системот останува исклучен.
Освен дополнување на едната страна од дебата дали автономните возила можат да се справат со носење одлуки во делот од секундата, сообраќајката доведе до нова истрага на тамошните власти околу безбедноста на автопилотот на Тесла. Од Агенцијата за безбедност во сообраќајот на националните автопатишта, објаснуваат дека тоа што започнуваат со истрага не значи дека постои некаков дефект кај Тесла автомобилите.