Во октомври за време на претседателската дебата, Ромни ги прозва Тесла Моторс и останатите "зелени" компании дека се лузери кои докажале дека администрацијата на Обама не знае на кого треба да му помогне.
Тогаш, Елон Маск воопшто не реагираше, ама по доделувањето на наградата не можеше да додржи а да не му се насити на Ромни.
"Во ретроспектива тој беше во право дека некој е лузер, ама излезе дека не сме ние," забележал Маск во разговор со новинарите.
Инаку во конкуренција за Автомобил на годината освен Model S на Тесла, беше и Порше 911, Форд Фјужн и Хонда Акорд.
Тесла ја собраа наградата по основа дека тој е најбрзиот седан на американскиот пазар кој е од американско производство, кој развива од 0 до 100 за 3,9 секунди, има одлично возење, ултра тивок мотор и плус нема потреба од бензин.
"Луѓето на ова ќе гледаат како моментот во кој се направи историската промена," изјавил Маск по добивањето на наградата.