Мерката за ова е бројот на коњски сили, кој според сопствениците достигнува само 469 наместо ветените 700, или по зборовите на адвокатот на 126 сопствениците на П85Д "автомобилот има премалку коњски сили, секако, ова влијае на неговите перформанси, според сопствениците."
Норвешка е еден од најголемите пазари за Модел С, делумно и заради големите државни субвенции за купување електрични автомобили. Тесла повеќе не го продава моделот П85Д во земјата, а неговиот наследник П90Д чини 96.700 долари.
Во јуни норвешката Комисија за спорови со потрошувачите одлучи дека на пет сопственици на П85Д, кои се жалеа на недоволно забрзување, треба да им бидат надоместени по 5.400 евра.
Ставот на Тесла моторс е дека колата ја исполнува ветената сила "според методот на мерење кој го бараат норвешките власти." Портпаролот на Тесла, изјави дека тестовите на компанијата и независните тестови покажале дека П85Д може да развие од 0 до 100 за 3,1 до 3,3 секунди, што според нив е доказ дека бројките за перформансите секогаш биле прецизни.