Со комплетирањето на тест-летот Фалкон хеви стана ракета со најголема носивост во комплетната ракетна флота на човештвото. Нејзиниот капацитет е пренесување 64 тони (околу 5 дупли автобуси) до ниската орбита на Земјата. Досегашното „магаре“ Делта 4 хеви имаше носивост од 29 тони.
Товарот што беше спакуван во Фалкон хеви е личниот Тесла автомобил на Маск во кој беше седната кукла облечена во вселенски скафандер, а беше пуштена музика од Дејвид Боуви која треба да врти за време на целото патување на автомобилот.
Фалкон хеви во основа се три Фалкон 9 ракети на Спејсикс споени заедно. Сите три излегуваат од орбитата на Земјата, по што двете странични ракети се отцепуваат и се враќаат назад на планетава, а средишната ракета го носи товарот до последната фаза по што и таа се откачува и се враќа назад. Ракетата имаше вкупно 27 мотори, што е повеќе од која било ракета некогаш употребена.
Двете странични ракети успешно слетаа и речиси симултано го допреа тлото при приземјувањето. Третата, која требаше да слета на брод сред океан, заради немање гориво не успеа доволно да закочи при слетувањето, целосно ја утна зоната за слетување и беше уништена во моментот откако удри во вода со брзина од некои 500 км/ч.
Успехот на Фалкон хеви е во тоа што ќе овозможи лансирање на поголеми сателити во вселената, некои од новите планирани телескопи, како и повеќе носивост за најразлични (не човечки) мисии до Марс, па дури и до планети како Јупитер и Сатурн.
Слетувањето на активираните ракети, освен што е епохален успех за Спејсикс, ќе значи и сериозно намалување на цената на вселенските летови и мисии. Првиот комерцијален лет на Фалкон хеви е закажан за правата половина од годинава и тогаш ќе треба да го лансира големиот комуникациски сателит на Саудиска Арабија.
Целосното видео од тест летот:
****
Реакција од читател:
"Успехот на Спејсикс во лансирањето на Фалкон Хеви е што постави рекорд за најтешка лансирана ракета во историјата." --- ovaa izjava ne e tochna.. postoeja pomokjni raketi vo istorijata koi bea lansirani.. kako na primer Saturn 5 raketite od Apollo programata koi bea daleku pomokhni i poteshki od ovaa ( Let's look at the basic statistics. The Falcon Heavy stands 230 ft (70 m) tall, its core has a diameter of 12 ft (3.66 m), and when fully assembled with its side boosters is 40 ft (12.2 m) wide and weighs 3,132,301 lb (1,420,788 kg). The Saturn V with its three stages in place, tops out at 363 ft (110.6 m) tall, has a diameter of 33 ft (10.1 m), and tips the scales at 6,540,000 lb (2,970,000 kg).)
"Со комплетирањето на тест-летот Фалкон хеви стана ракета со најголема носивост во комплетната ракетна флота на човештвото. Нејзиниот капацитет е пренесување 64 тони (околу 5 дупли автобуси) до ниската орбита на Земјата. Досегашното „магаре“ Делта 4 хеви имаше носивост од 29 тони." --- https://en.wikipedia.org/wiki/Comparison_of_orbital_launchers_families edna korisna lista koga stanuva zbor za lansirani raketi. Sovetskata Energia so 100T low orbit payload i Americhkata Saturn 5 so 118T low orbit payload imaat pogolema nosivost od Falkon Heavy.. so taa razlika shto vekhe ne se koristat (penzionirani) pa ednostavno stanuva zbor samo za "momentalna operativna raketa so najgolema nosivost"...
Go cenam celiot ovoj entuzijazam okolu lansiranjeto raketi i i iskreno povekhe takvi tekstovi treba da ima vo mediumite a shto pomalku politikanstvo i dnevno politichki zamajuvanja... ama sepak i da ostaneme dobro informirani kako i nauchno-tehnichki korektni...
Poz do Off Net redakcija i sekoe dobro.
Daniel. A.