10 луѓе кои одбија страшни кинески пари

Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.

Вејн Руни

30-годишниот капитен на Јунајтед на крајот од 2015-та одбил понуда за 3-годишен договор со Шангај Телеис кој му нудел 25 милиони фунти за една година.

Лучано Спалети

Лучано Спалети во декември минатата година прифатил, па потоа откажал да потпише 2-годишен договор со Пекинг Гоан за 12 милиони евра (6 по сезона).

Оскар

Во јануари 2016-та, Челси ја откажал продажбата на Оскар во Џиангсу Сунинг за 75 милиони евра, по наговор на Бразилецот кој решил да остане на Стемфорд Бриџ.

Нани

На почетокот од месецов, 29-годишниот Нани одбил понуда вредна 10 милиони годишно која му ја давале во кинески клуб.

Алваро Арбелоа

Месецов 33-годишниот Алваро Арбелоа одбил 8 милиони евра годишно кои му ги предлагале во Шангај Шенуа.

Одион Игало

26-годишниот Одион Игало играше еднаш во Кина, а за по вторпат да се врати во оваа земја добил понуда од околу 300.000 фунти неделно за 4-годишен договор. Одбил.

Дани Алвеш

Дани Алвеш (33), добил овој месец понуда вредна 12 милиони евра годишно, но решил да преговара со Барса за продолжување на договорот и ги одбил Кинезите.

Карлос Тевез

Исто овој месец, Карлос Тевез на 32 години доби неверојатна понуда од 25 милиони евра за 10 месеци од Шангај, но Аргентинецот решил да остане во татковината со семејството. Носталгијата пресудила како и кога го напушти Јувентус.

Халк

Зенит не сакал да слушне за продажба на 29-годишниот Бразилец кој добил понуда од 100 милиони евра за 5 години во Кина.

Андреј Јармоленкo

26-годишниот Украинец одбил 12 милиони евра годишно колку што му нудел извесен кинески клуб. Причина: Сакал кариерата да ја продолжи во некој голем европски клуб.