Таг: нани

Растур систем партија на Нани за финале во МЛС

Португалецот има 33 години и ја игра својата втора сезона за Орландо Сити, а според ова што го покажува, изгледа дека препрано се откажале европските клубови од него. Потезиве и головиве му се Кристијано Роналдо.

Гласајте за гол на сезоната - кој од кој поубав погодок

УЕФА го означи за отворено гласањето за најубав гол на сезоната 2018/2019. Ќе може да се бира најдобар погодок до 9 август кога се затвора гласањето и ќе биде избран бројот 1.

Нани како во стари дани

Не дека е престарен, има 32 години, ама по заминувањето од Јунајтед никогаш не се врати во препознатливата форма. Конечно и од него да видиме нешто. Ја измеша цела одбрана, во стилот на Меси или па Кристијано Роналдо, човекот кој го имитираше кога играа заедно на Олд Трафорд.

Португалска колонија слета во Рим

Кога Жорже Мендеш ќе се вмеша во некој трансфер, тогаш сè станува поинтересно. Благодарение на него, Лацио меѓу новите тројца играчи има засилување кое беше мета на Мурињо, Арсенал и Барса.

10 фудбалери кои не се родени каде што мислите

Во ера на глобализација, селење кое го имало од секогаш и често натурализирање на репрезентативци, не треба да се збуниме кога ќе прочитаме дека Игуаин не е роден во Аргентина, Роси не е роден во Италија, а Нани е роден во Република Зелен ’Рт. И кај нас има многу што не завршуваат на „ски“.

Фудбалот за некои играчи е спасител на животот

Знаете ли дека Менез има украдено мотор, Жервињо не можел да најде работа, Медел за малку ќе станел дилер на дрога, а Милик на 6 години пушел цигари и бил лопов? Некои фудбалери кои прават милиони порано немале ни за леб. На кусо за нивното минато.

Капоера на Нани на презентацијата во Валенсија

Европскиот шампион со Португалија, Нани е нов фудбалер на Валенсија која за него на Фенербахче му плати 7,25 милиони фунти. Нани прославува голови на интересен начин со салта и ѕвезди, а на Местаља денес презентираше и умешност во капоера.

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

10 луѓе кои одбија страшни кинески пари

Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.

Перо Антиќ другарува со Нани

Откако неговиот Фенербахче рутински ја заврши групната фаза во Евролигата на првото место, Антиќ го користи секој слободен момент да ужива на Босфорот. Последно објави фотографија со поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а денес член на Фенербахче, Нани.

Како Нани му го украде ремек делото на Роналдо

Нани ги збудале навивачите на Фенербахче кои го пречекаа на аеродром, но еднаш го збудале и Роналдо на кој мајсторијата му пропадна во вода поради непромислениот потег на Нани.

Поништениот гол на Нани

Португалците ја истемпираа формата за Светското со петарда против Република Ирска во која Роналдо го учествуваше со погодок. Штета што помеѓу головите поради офсајд не беше признат и мајсторскиот потег на Нани на кој му претходеше акција од учебниците.